УНФПА во Светот

УНФПА е помошно тело на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова тело игра единствена улога во системот на Обединетите нации: се занимава со проблематиката на населението и развојот, со акцент на репродуктивното здравје и родовата еднаквост, а во контекстот на Акционата програма на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) и Милениумските развојни цели. 

УНФПА добива глобални насоки во врска со политиките од Генералното собрание и од Економско-социјалниот совет (ECOSOC) на Обединетите нации. УНФПА му полага отчет на својот раководен орган – Извршниот одбор на УНДП/УНФПА – за административни, финансиски и програмски прашања. УНФПА делува во тесна соработка со мноштво други развојни и хуманитарни организации (особено СЗО, УНИЦЕФ, УНДП и УНАИДС) во својот делокруг на работа. 

Меѓувладини и меѓуагенциски процеси
За да може да биде ефективен развоен партнер, УНФПА треба да биде информиран за предизвиците со кои се соочуваат државите во напорите за подобрување на животите на нивните граѓани, како и за одговорите што ги обезбедуваат Обединетите нации. За ова да го оствари, Фондот дава придонес кон дебатите за околу 150 прашања од агендата на Генералното собрание, учествува во функциски и регионални меѓувладини комисии на Економско-социјалниот совет и тесно соработува со други субјекти, како што се Постојаниот форум за прашањата на домородечките заедници и Советот за човекови права. 

Фондот исто така му дава техничка помош на Генералното собрание кога тоа формулира политики што се однесуваат на мандатот на УНФПА. УНФПА е една од четирите основачки членки на Групата за развој на Обединетите нации (УНДГ), која беше формирана од страна на Генералниот секретар во 1997 година заради подобрување на кохерентноста на развојните активности на Обединетите нации на ниво на поединечна држава. УНФПА исто така учествува во меѓуагенциската соработка и процеси. На пример, таа е членка на Одборот за координација на главните извршни раководители на Обединетите нации (CEB), каде на едно место се собрани извршните раководители на сите организации на Обединетите нации и кој има за цел зајакнување на координацијата и соработката во врска со суштинските и управувачките проблеми со кои се соочува системот на Обединетите нации. Во 2007 година, УНДГ беше ставена под капата на CEB. 

Фондот не добива средства од редовниот буџет на Обединетите нации, туку од доброволни придонеси од околу 180 влади на држави. Придонеси доаѓаат и од приватниот сектор, фондации и поединци. 

УНФПА и реформата на Обединетите нации 
Генералното собрание на Обединетите нации даде зелено светло за неколку реформски пакети. Последниот таков пакет, одобрен по Светскиот самит одржан во 2005 година, има за цел да постигне поголема кохерентност и ефикасност на ниво на поединечна држава. УНФПА во целост се согласува со оваа цел и се залага за поефективна, ефикасна и релевантна Организација на Обединетите нации која ќе „остварува како еден“. 

Како дел од реформата, УНФПА и сестринските агенции во нејзиниот делокруг на работа (кои заедно го сочинуваат тимот на ОН на ниво на поединечна држава) се инструираат да соработуваат на програми и нивна реализација. Соработката започнува со изработката на Заедничка проценка на државата (CCA), чија цел е да ги утврди најважните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите кои се дел на програмата. Заедничката проценка на државата, од друга страна, служи како мост кон една заедничка Рамка на ОН за развојна помош (UNDAF), која има за цел да ги усогласи програмските циклуси и активностите на релевантните агенции на Обединетите нации и да ја оптимализира нивната ефективност така што ќе се фокусира на компаративните предности на секоја од агенциите.

Друг аспект од активното учество на УНФПА во реформата на Обединетите нации е нејзиното учество во пилот иницијативите под наслов „Остваруваме како еден”, кои во моментов се спроведуваат во осум држави. Во овие држави, клучните агенции на Обединетите нации заедно работат на единечни комбинирани програми како еден тим, под обединето водство. Тие експериментираат со заеднички канцеларии, иницијативи за обезбедување финансиски средства и иницијативи во делот на управувањето. 

Важни настани во историјата на УНФПА 
Кога Фондот за активности во врска со населението на Обединетите нации беше оформен како старателски фонд на 11.07.1967 година (тој всушност започна со работа во 1969 година), раководењето со овој фонд му беше доверено на УНДП. 

Во 1971 година, Генералното собрание заклучи дека УНФПА треба да игра водечка улога во системот на Обединетите нации во поглед на промоцијата на програми за население. 

Во 1972 година, како резултат на порастот на неговите ресурси и на опсегот на работење, УНФПА беше поставена под Генералното собрание, а управувачкиот совет на УНДП беше именуван за нејзино раководно тело кое во своето работење се води според насоките од Економско-социјалниот совет. 

Во 1979 година, Генералното собрание потврди дека УНФПА е еден од неговите помошни органи. Во 1980 година, УНФПА стана дел од извршното координативно тело кое го носи името Одбор за координација на главните извршни раководители на Обединетите наци (CEB). 

Во 1987 година, името УНФПА се промени во Фонд за население на Обединетите нации, но неговата официјална кратенка УНФПА остана иста. 

Во 1993 година, Генералното собрание ги трансформираше управувачките совети на УНИЦЕФ и УНДП/УНФПА во извршни одбори, сместени под Економско-социјалниот совет. ECOSOC обезбедува насоки во делот на политиките и се грижи за спроведување на политиките на Генералното собрание. 

По Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) одржана во Каиро во 1994 година, генералниот секретар ја назначи УНФПА како водечка организација на Обединетите нации за активностите што следат по конференцијата и за спроведување на нејзината Акциона програма. Во 1996 година, УНФПА стана основачки ко-спонзор на УНАИДС – Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА. Во согласност со одлука на Генералното собрание од декември 2003 година, генералниот секретар на Обединетите нации му додели формално овластување на извршниот директор на УНФПА во врска со кадровската проблематика на УНФПА.








cheap nike air max shoes cheap nike air max shoes cheap nike air max shoes cheap louboutin shoes so kate nike air max shoes cheap nike air jordan shoes christian louboutin shoes outlet cheap louboutin shoes cheap christian louboutin shoes cheap nike air jordan shoes cheap nike air max shoes