Извршно лидерство

Др. Бабатунде Осотимехин
Извршен директор на УНФПА

На 1 јануари 2011 Д-р Бабатунде Осотимехин стана четвртиот Извршен директор на УНФПА, Фондот за население на ОН. Истовремено, тој e Генерален потсекретар на Обединетите нации.



Пред стапувањето на оваа функција, Д-р Осотимехин ја извршувал функцијата Министер за здравство на Нигерија. Пред тоа, тој бил генерален директор на Националната агенција на Нигерија за контрола на СИДА, која ја координира целокупната работа на полето на ХИВ и СИДА во земјата со повеќе од 150 милиони жители.

Д-р Осотимехин дипломирал медицина на Универзитетот Ибадан, Нигерија, во 1972, а потоа го продолжил образованието на Универзитетот во Бирмингем во Обединетотот Кралство, каде се стекнал со докторат во областа на медицината. Тој е член на Кралскиот Колеџ на лекари на Обединетото Кралство, а во периодот 1996-1997 престојувал како стипендист во Харвард центарот за население и развој. Во 2006 станува член на престижната Академија на науки на Нигерија.

Новиот Извршен директор на УНФПА бил назначен за Професор на Универзитетот Ибадан во 1980, каде и го водел Одделот за Клиничка патологија пред да биде избран за проректор на Факултетот за медицина на истиот универзитет во 1990. На таа функција останува се до 1994.

Интересите на Д-р Осотимехин ги опфаќаат младите и родовите, во контекст на репродуктивното здравје и права. Како признание за сопствениот придонес, особено како лидер на националниот одговор на Нигерија во поглед на ХИВ и СИДА, во декември 2005 тој ја добива националната награда Офицер на редот на Нигер.

Д-р Осотимехин е женет и има пет деца.








cheap nike air max shoes cheap nike air max shoes cheap nike air max shoes cheap louboutin shoes so kate nike air max shoes cheap nike air jordan shoes christian louboutin shoes outlet cheap louboutin shoes cheap christian louboutin shoes cheap nike air jordan shoes cheap nike air max shoes